Rss feed

Сервисни Информации

недела, 19 февруари 2012, 10:10

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

На сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива забавено, поради влажните и лизгави коловози со појава на голомразица поради ниските температури во текот на ноќта и на повисоките места и планинските премини наместа со остатоци од снег.

За тешки товарни возила забрана за сообраќај има на патниот правец Маврово-Дебар и Дебар-Струга.

Забраната за движење на автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште важи.

На патниот правец с.Маврово–Никифорово-Леуново собраќајот се одвива по една коловозна лента. Екипите на Македонија Пат работат на расчистување на втората лента.

АМСМ на возачите им препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Посебна внимателност на патните правци Дебар-Струга, Маврово-Дебар, Катланово-Велес и Демир Капија–Удово поради честа појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.

На граничните премини нема подолги чекања.

Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која ќе трае до 15 март.

АМСМ УСЛУГИ - Служба за помош и информации на пат (02) 15 555



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.