сабота, 18 февруари 2012, 17:02
Во Прилеп повторно функционира парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните
Во Прилеп денеска почна и официјално повторно да функционира парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните. Тоа е програма која Собранието на Република Македонија ја имплементира во соработка со Институтот за парламентарна демократија – ИПД и ЗЕЛС.
Во таа насока, прилепските пратеници Ане Лашкоска, Горан Сугарески и Димитар Стевананџија денеска официјално отворајќи ги канцелариите за комуникација со граѓаните го нагласија значењето и улогата на таа комуникација.
Овие канцеларии се со цел зајакнување на комуникацијата на пратениците со граѓаните, кои ќе ги слушаат нивните грижи, проблеми, но и идеи во насока на решавање на локални, регионални и други проблеми.