Rss feed

Сервисни Информации

сабота, 18 февруари 2012, 16:59

Во Кавадарци предвидени повеќе активности за подобрување на условите за живот

Во општина Кавадарци согласно прогрмата за комунално уредување предвидени се активности кои ќе придонесат за подобрување на условите за живот на сите жители во општина Кавадарци, информираа денес од Службата за односи со јавност при општината.

Во делот на други комунални услуги се планира набавка на урбана опрема во вредност од 2,2 милиони денари. Ќе се врши обележување на сообраќајници, поправка на семафори и знаци  и набавка на нови,  за што од буџетот ќе се потрошат  околу 2  милиони денари. Јавното осветлување е влезено во прогрмата со сума од 22,5 милиони денари, а се планира тековно одржување на уличното осветлувње и инвестициски активности.

За одржување на јавната чистота годинава ќе се потрошат 8 милиони денари, а согласно на програмата ќе се врши чистење и перење на улиците во градот и услуги за одржување на паркови и зеленило.

Во програма е влезена и дезинсекцијата, дезинфекцијата и дератизацијата за што се планира сума од 600 илјади денари.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.