Rss feed

Македонија

среда, 22 февруари 2012, 18:55

Хамарберг бара да се најде решение за регистрацијата на ОМО Илинден - Пирин

Хамарберг бара да се најде решение за регистрацијата на ОМО Илинден - Пирин
Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг во последните обсервации испратени до бугарската влада заклучува дека ситуацијата со децата ставени во институциите, исто како и заштитата на правата на малцинствата остануваат мотив за загриженост во Бугарија.

- Ако властите усвоија стратегија и план за акција за разрешување на проблемите, сега е клучен момент тие одлучно да се спроведат, вели Хамарберг.

Осврнувајќи се на македонското малцинство, Комесарот  констатира дека Бугарите со македонско потекло и Бугарите муслимани (Помаците) се уште не се претставени во бугарскиот Национален совет за соработка по етничките прашања и интеграцијата. Тој ги повика бугарските власти да го исправат пропустот во тесна соработка со претставниците на овие заедници и тие да имаат претставници во него.

Комесарот понатаму го поздравува постигнатиот напредок по објавувањето на неговиот извештај од 2010 година за Бугарија, во однос на слободата на собирање на лицата од македонската заедница, кои можеа да го уживаат тоа право и да одржуваат комеморативни и други собири и настани. Како последица на тоа, беше и затворање на процедурата за следење на пресудата на Европскиот суд за човекови права од Стразбур од страна на Комитетот на Министрите на СЕ.

Томас Хамарберг во обсервациите нагласува дека тој и понатаму е загрижен поради тоа што здруженијата на Македонците од Бугарија и понатаму имаат тешкотии при нивната регистрација. За ова прашање, Бугарија од 2006 се уште е под мониторинг на Комитетот на министрите и дека Судот од Стразбур забележал повторно кршење на Конвенцијата по ова праашње.

Комесарот е свесен дека обидите за повторна регистрација на ОМО Илинден-Пирин беа неуспешни. Во тој поглед, Хамарберг ја подвлекува важноста да бидат појаснети бугарските закони за слобода на здружување и нивното пропорционално спроведување.

Тој препорачува да се најде решение за овај случај, со отворен и искрен дијалог во согласност со нормите на Советот на Европа.

Во одговорот, бугарските власти, само се повикуваат на одлуката на Комитетот на министрите на Советот на Европа, дека Бугарија ги исполнила обврските кои произлегуваат од пресудите на Судот од Стразбур, како и на информацијата на градоначалникот од Благоевград, дека од 1 јануари 2009 година сите барања за одржување на јавни манифестации на лицата кои самите се определуваат како „Македонци“ биле одобрени и тие поминале мирно без инциденти.

Бугарската влада во својот одговор на два пати го користи терминот за припадниците на непризнатото македонско малцинство во Бугарија како „лица кои самите се опредлеуваат како ‘Македонци’“.

На почетокот на годинава во извештајот на независниот експерт на ООН за малцинствата, Унгарката Рита Исак, по посетата на Бугарија на нејзината претходничка Геј МекДугал, меѓу другото побара да се почитува нивното право на самоидентификување, како Македонци, односно официјално признавање на македонското малцинство од страна на бугарските власти, потоа преземање на мерки од бугарските власти против дискриминацијата на Македонците, регистрирање македонски партии и организации, целосно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и изучување на македонски јазик во бугарските училишта, посебно во регионите каде припадниците на тоа малцинство живеат.

Во своите обсервации, Комесарот за човекови права им посветува посебно внимание и на Ромите во Бугарија.




 

Објавено на 23.02.2012, од spase

Nezainteresiranost po sve izgleda od Vladite

Ako ova ne se znae kako da se napravi i izdejstvuva taka da ne se narusuvaat nego da se neguvaat makedonsko-bugarskite odnosi i da SE KONECNO PRIZNAE nasesto pristustvo iskonsko i od pamti vek na Radost na site Makedonci. Imame i pravo i dolznost na Prirodnite granici na Makedonija prvo Pirin e toa e sega kako do uspeh ednostavno priznanie na Posebnosta na Makedoncite kako posebna nacija nisto drugo da ne bidat poprecuvani od NIKOJ vo toa a toa Politicarite toa go pravat i umeat.

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,65 61,96
CHF 51,07 51,33 51,58
USD 48,04 48,28 48,52
Цела курсна листа

Временска прогноза

среда

макс: 8º
мин: 10º
ветер: И 13 km/h
влажност: 55%
врнежи: 80%

четврток

макс: 24º
мин: 14º
ветер: ССЗ 18 km/h
влажност: 61%
врнежи: 50%

петок

макс: 23º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 64%
врнежи: 50%

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.