Rss feed

Македонија

среда, 22 февруари 2012, 20:24

Нимиц во Атина се сретна со Пападимос и со Димас

Нимиц во Атина се сретна со Пападимос и со Димас
Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за прашањето за името Метју Нимиц попладнево во Атина имаше одвоени средби со премиерот Лукас Пападимос и со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.

Нимиц, како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, по средбата со Димас изјавил дека добил уверување оти Владата на Грција има искрена желба за решавање на спорот за името. Димас го охрабил и да ги продолжи напорите за изнаоѓање заедничко прифатливо решение во рамки процесот што се води под покровителство на ОН.

Прашан дали економската криза во Грција и претстојните избори ќе влијаат на процесот, Нимиц истакнал дека ги разбира тешкотиите со кои се соочува Атина и се надева оти ќе бидат надминати, но дека земјата и сега има функционална Влада која може да се справува со проблемите како што е прашањето за името.

Инаку, пред средбата со медијаторот на ОН, Димас имал консултативни средби со премиерот Пападимос и со лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу.

Во меѓувреме, Јоргос Караџаферис лидерот на ултрадесничарската партија ЛАОС која партиципира во Привремената влада во писмо упатено до Димас бара за евентуалното решение за името да се изјаснат грчките граѓани на рефенедум. Тој воедно побара и состанок на парламентарниот Комитет за надворешни работи и одбрана на кој би биле разгледани последните случувања во разговорите за името.

Посредникот на ОН Нимиц во Атина допатува од Скопје каде што во понеделникот разговараше со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

По средбите тој изјави дека не носи нови предлози, туку има намера да најде начин да се забрзаат разговорите за што побрзо решавање на спорот за името, кој, како што посочи, го засега регионот и светската безбедност. Нимиц рече дека во Скопје јасно му биле кажани македонските позиции и искрените желби за решавање на проблемот, и оти ќе им ги пренесе на властите во Атина.

Од македонска страна беше повторено дека решение за спорот со Грција околу името не е можно доколку тоа не го почитува достоинството на граѓаните на Република Македонија, ако на каков било начин задира во идентитетските прашања и не е согласност со меѓународното право. Македонија останува конструктивна во процесот што се води под покровителство на ОН и тоа го очекува и од другата страна, како и почитување на Привремената спогодба, пресудата на Судот во Хаг и резолуциите на Светската организација.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,65 61,96
CHF 51,07 51,33 51,58
USD 48,04 48,28 48,52
Цела курсна листа

Временска прогноза

среда

макс: 8º
мин: 10º
ветер: И 13 km/h
влажност: 55%
врнежи: 80%

четврток

макс: 24º
мин: 14º
ветер: ССЗ 18 km/h
влажност: 61%
врнежи: 50%

петок

макс: 23º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 64%
врнежи: 50%

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.