Rss feed

Македонија

среда, 22 февруари 2012, 14:39

Радисављевиќ на граничниот премин „Табановце“, предаден на српските власти

Радисављевиќ на граничниот премин „Табановце“, предаден на српските власти
Министерството за внатрешни работи вчера го приведе српскиот државјанин Милош Радисављевиќ со прекар Кими, роден на 21.09.1983 година во Белград.

Радисављевиќ  е приведен вчера околу 14 часот, во кафуле на улица „Ленинова“ од страна на припадници на мобилната „Алфа“ единица, врз основа на распишана меѓународна потерница од Министерството за внатрешни работи на Република Србија. Меѓународната потерница по Радисављевиќ, од страна на Интерпол Белград е распишана на 20.02.2012 – еден ден пред неговото апсење.

Во Македонија, соопшти денеска МВР, Радисављевиќ влегол легално во јули 2011 година, на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, но не го регулирал својот претстој во земјава.

По итна постапка, се наведува во соопштението, тој беше изведен пред надлежен судија, а од страна на судијата за прекршоци му е изречена парична казна и забрана за влез во Македонија во траење од 5 години. Со полициска придружба, околу 19 часот, Радисављевиќ беше транспортиран до граничниот премин „Табановце“, каде им беше предаден на српските власти.

Српските органи на прогонот, според податоците добиени преку Интерпол, Радисављевиќ го бараат за повеќе дела како: „вандализам“, „оштетување“, „грабеж“ и „хулиганство“.

Во потерницата е наведено дека на 17/18.03.2004 од 22,30 часот до раните утрински часови во Белград, на улица Господар Јеремова, во предниот дел на џамијата Бајракли, заедно со голем број соучесници, Кими запалил оган во џамијата, со што била нанесена голема материјална. Во исто време, групата уништила едно полициско и четири возила во сопственост на Исламската верска заедница,  уништен бил и подвижен имот кој се наоѓал во внатрешноста на џамијата.Тие, украле и 50,000.00 евра од Сефот. Спомнатата  група, заедно со голема група демонстранти се собрале пред џамијата со цел да протестираат против насилство извршено од страна на Албанците против Србите во Косово.

Во вториот случај е наведено дека на 16.12.2009 меѓу 21 часот и 22,45 часот, во Белград, на улица Хумска бр.1  за време на фудбалскиот натпревар  „Партизан" против „Шахтјор", додека другите навивачи на јужниот дел од стадионот извикувале навредливи пораки до новинарката на Б92 -  Бранкица Станковиќ, асоцирајки на Славко Чурувија, новинар кој бил убиен, тој удирал гумена кукла која ја симболизирала жртвата, и потоа ја фрлил куклата на другите навивачи. Радисављевиќ овие закани ги упатил кон новинарката за време на емитувањето на програмата наречена „инсајдер" на телевизискиот канал Б92, каде жртвата како новинар презентирала и анализирала незаконско однесување на навивачки групи на различни спортски клубови, вклучувајќи ги и навивачите на фудбалскиот клуб „Партизан".



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,65 61,96
CHF 51,07 51,33 51,58
USD 48,04 48,28 48,52
Цела курсна листа

Временска прогноза

среда

макс: 8º
мин: 10º
ветер: И 13 km/h
влажност: 55%
врнежи: 80%

четврток

макс: 24º
мин: 14º
ветер: ССЗ 18 km/h
влажност: 61%
врнежи: 50%

петок

макс: 23º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 64%
врнежи: 50%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.