среда, 22 февруари 2012, 14:37
Трибините не се луксуз, туку демонстрирање одговорност кон граѓаните
Отчетот на политичарите од ВМРО-ДПМНЕ не преставува никаков луксуз, туку демонстрирање одговорност кон граѓаните, се вели во денешната реакција од владејачката партија по обвинувањата од опозицијата.
- СДСМ очигледно дека во овие 20 години не научи оти мора пред граѓаните да се дава отчет, да се биде искрен и транспарентен. Во интерес на вистината, трибините на ВМРО-ДПМНЕ се организирани со колективен заеднички превоз, при што сите функционери се обврзани од партијата да го користат ваквиот начин на превоз, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.