понеделник, 10 јануари 2011, 11:34
Конкурс на „Бран 2010“ за необјавена стихозбирка и збирка кратки раскази
Здружението за литература, култура и наука „Бран 2010“ од Струга и списанието „Бранувања“ распишаа конкурс за доделување на наградите „Јован Котески“, за необјавена поетска збирка и „Крсте Чачански“ за необјавена збирка кратки раскази.
Како што соопшти редакцијата, право на учество имаат трудовите (песни односно раскази) кои не се објавувани. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја да не биде подолга од 30 стихови. Секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма.
Најдоцна до 20 април 2011 година ракописите во четири примероци, отчукани со македонска поддршка и снимени на цеде, треба да се испратат на адреса „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 9300 Струга, со назнака: конкурс за наградата „Јован Котески“ односно „Крсте Чачански“ или на електронските адреси
zbirkakoteski@hotmail.com и
raskazichachanski@hotmail.com.
Две тричлени жирија составени од писатели ќе ги изберат наградените ракописи, кои ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите во јуни односно во јули 2011 година.
Редакцијата информира дека го задржува правото од наградените и пристигнатите трудови да публикува одделни раскази и песни во списанието „Бранувања“.