Rss feed

Култура

среда, 22 февруари 2012, 11:49

Гоце Смилевски и Лидија Димковска во програмата на словенечкиот издавач „Цанкарјева“

Издавачката куќа „Цанкарјева“ од Љубљана во својата програма за 2012 година ги вклучи и македонските автори Гоце Смилевски со неговиот роман „Сестрата на Сигмунд Фројд“  и Лидија Димковска со поетската книга „пХ неутрална за животот и смртта“.

Романот на Смилевски на словенечки јазик го  преведе Соња Должан и ќе излезе во едицијата „Преводи“, а поезијата на Димковска е во препев на Алеш Мустар и ќе биде објавена во едицијата „Оригинална поезија“.

Двете книги треба наскоро да излезат од печат, заедно со насловите од повеќе реномирани автори, како Борис Пахор, Славој Жижек, Џек Керуак, Бохумил Храбар, Виктор Пелевин, Мирча Картареску, Џефри Чосер...



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.