среда, 22 февруари 2012, 10:10
Во српското книжевно списание „Акт“ објавени раскази на тројца македонски автори
Во најновиот троброј на српското списание за литература, уметност и култура „Акт“ кое се појавува во Крагуевац објавен е избор од прозни текстови на тројца македонски автори Томислав Османли, Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев, проследени со авторските биографии.
Лафазановски и Прокопиев се претставуваат со избор од кратки прози, а Османли со расказот „Напрегнато“ од неговата најнова збирка „Каприча“ кој на српски го преведе Зоран Ж. Пауновиќ од Белград.
Врз основа на оваа своја објава, македонскиот автор Томислав Османли доби понуда со свој нов прозен текст да учествува во антологијата на кус расказ која ја подготвува уредникот на крагуевското списание „Акт“, Дејан Богојевиќ.
Објавено на 22.02.2012, од Неписмен
Неписмен
Браво, баш ме радува ова. А дали некој српски писател е некаде спомнат кај нас во денешно време?