вторник, 21 февруари 2012, 16:02
Промовирана книгата „Дедо Кољо Добровенски, Мариовско-Лерински војвода“
Во организација на Македонското научно друштво-Битола и општина Новаци, денеска во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ беше промовирана книгата „Дедо Кољо Добровенски, Мариовско-Лерински војвода“, од авторот Ѓорги Лазаревски.
Промоцијата на книгата беше придружена со академски час врзан со 108 годишнината од смртта на војводата Кољо Добровенски кој бил убиен на 21 февруари во 1904 година.
- Дедо Кољо Добровенски бил голем јунак и силен војвода во Мариовско-Леринскиот крај. Инспириран од приказните и сведоштвата за борбите што Дедо Кољо Доборвенски ги водел против злосторниците го напишав ова дело, истакна авторот Лазаревски.
Македонското научно друштво-Битола со поддршката на оваа книга продолжи со интензивната издавачка дејност и го зголеми фондот на книги со уште едно значајно дело, посочи претседателот Борис Ангелков на денешната промоција во овој град.