вторник, 21 февруари 2012, 11:00
Со „Маратонците го трчаат почесниот круг“ прилепскиот театар гостува во Гевгелија
Прилепскиот театар денеска со претставата „Маратонците го трчаат почесниот круг“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Кирил Петрески ќе гостува во Гевгелија.
Со оваа претстава прилепскиот театар во саботата го одбележа својот јубилеј - 62 годишнината од формирањето. Во претставата играат: Петар Димоски, Димко Вандески, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Димитар Црцороски, Марија Спиркоска - Илијеска, Димитар Ѓорѓиевски, Зоран Иваноски, Цветанка Чавлеска. Музиката е на Гоце Кантарџиоски.
Гостувањето на прилепскиот театар е во рамки на соработката со општина Гевгелија.