Rss feed

Култура

понеделник, 20 февруари 2012, 10:14

Награда „Златен прстен“ за Веле Смилевски

Писателот Веле Смилевски ја доби книжевната награда „Златен прстен” за неговиот поетски, критичко-есеистички и научен опус. Наградата е меѓународна и ја доделува издавачката куќа „Феникс” и Фондацијата „Македонија презент”.

Одлуката ја донесе жирито во состав: Маја Јакимовска-Тошиќ (претседател), Христо Петрески и Трајче Кацаров. Во образложението е наведено дека во четиридецениската творечка и научна дејност Веле Смилевски создал опус со изразити интелектуални специфики и трајни вредности.

- Со своите иновациски поетски остварувања, со впечатливиот и оригинален израз, како и со задлабочените аналитички истражувања во книжевната наука, Смилевски исполни неодминливи страници во развојот на новата македонска литература, стои во образложението.

Добитници на „Златен прстен” досега биле Милан Ѓурчинов,  Ферид Мухиќ, Момо Капор, Фиона Самсон, Ева Рас, Владислав Бајац, Светлана Христова-Јоциќ, Петар Опачиќ и Радомир Андриќ.

Наградата на Смилевски ќе му биде врачена на 29-ти месецов во Културниот центар „Феникс”, во рамки на Фестивалот на чајот и читањето.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.