Rss feed

Култура

недела, 19 февруари 2012, 11:11

Изложба на Симонида Филипова - Китановска во КИЦ во Софија

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија синоќа беше отворена ликовната изложба „Црн зачин добар за око“ на македонската уметничка Симонида Филипова - Китановска.

Таа пред софиската публика се претстави со 27 дела од циклусот „Магично око“ и „Црн зачин“ работени во изминатите година ипол.

Изложбата ја отвори директорот на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, Васко Шутаров.

Гостувањето на Симонида Филипова-Китановска е дел од годишната програма за меѓународна соработка помогнато од Министерството за култура на Република Македонија.



 

Објавено на 20.02.2012, од ирена

браво

Едно големо БРАВО! За Симонида и Шутаров,браво!

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.