Rss feed

Култура

сабота, 18 февруари 2012, 17:03

„Маратонците го трчаат почесниот круг” за 62-годишнината од постоењето на Прилепскиот театар

Со претставата „Маратонците го трчаат почесниот круг” Прилепскиот театар вечер ќе ја одбележи 62-годишнината од постоењето.

Одбележувањето на јубилејот почна во средата со пет претстави за кои билетите чинеа симболични 50 денари. Публиката изминатите три дена имаше можност да ги види „Манги пијат чај”, „Од кол на кол” и “Калигула”. Утре за најмладите ансамблот ќе ја одигра детската претстава „Јунаците од бајките”, а циклусот ќе биде заокружен на 24 февруари со „Антица”, мјузикл работен според драмата на Ристо Крле во режија на Бранко Брезовец.

Пред денешната изведба на „Маратонците го трчаат почесниот круг”, на двајца членови на Театарот, актерите Димитар Вандески и Петар Димоски кој воедно е и режисер, ќе им биде укажана посебна чест по повод заминувањето во пензија.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.