понеделник, 20 февруари 2012, 12:07
Притворен кавадарчанец кој покажувал пиштол во кафеана
Кавадаречката полиција синоќа го привела 33 - годишниот кавадарчанец Б.С., кој во ресторанот „Нано“ во Кавадарци покажувал пиштол пред гостите, информира денеска портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.
Двајца полициски службеници најпрвин се обиделе да го легитимираат кавадарчанецот. Тој одбивал да го стори тоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќиго со раката во пределот на главата. Бил приведен со употреба на присилни средства, физичка сила и лисици. Со полициско возило бил однесен во полицијата во Кавадарци. Таму бил заджан, но и таму продолжил да ги навредува и омаловажува двајцата полицајци кои го чувале.
- Б.С. е сеуште во полиција, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, вели Стојковска.