Rss feed

Хроника

недела, 19 февруари 2012, 14:53

МВР Билтен

Во Битола вчера по претходна вербална расправија физички е нападнат 50-годишниот Г.Ѓ. при што се здобил со тешка телесна повреда и е задржан на лекување во Медицинскиот центар во Битола.

Инцидентот се случил вчера во 13:50 часот на улицата „Лавчански пат“. Педесетгодишниот Г. Ѓ. имал вербална расправија со Г.М. (27) и неговиот татко Љ.М. (60) против кои ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во Куманово вчера залутан куршум удрил во прозорско стакло од стан на улицата „Октомврска револуција“ при што стаклото се скршило, но нема повредени.

Инцидентот се случил додека 46-годишниот З.Т. седел со родителите во нивниот стан. Извршен е увид на лице место од екипа на СВР Куманово, а по преземените мерки е откриен сторителот. Станува збор за 54-годишниот Љ.П. кој од тераса од соседната зграда во која живеел од пиштол кој го поседувал со дозвола испукал еден  куршум, наводно по птица. При извршниот претрес по наредба на истражен судија, во неговиот стан е пронајден уште еден пиштол (наследство од неговиот татко), за кој немал добиено одобрение на негово име и тие се земени за вештачење. Од страна на СВР Куманово против Љ.П. ќе биде поднесена соодветна кривична  пријава.

Во спортската сала Градски парк вчера за време на кошаркарскиот натпревар меѓу „Работнички“ и „Куманово“ се пееле песни со содржина што предизвикува  национална омраза  и биле фрлени пластични предмети,  а   по завршувањето на натпреварот била запалена „бакља“.  

Полициската станица Центар против 32-годишниот К.С. од Скопје ќе поднесе прекршочна пријава за сторен прекршок согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, како и прекршочна пријава против организаторот на натпреварот. Од страна на Полициската станица се преземаат мерки за утврдување и на други учесници и за целосно расчистување на  случајот.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.