Rss feed

Хроника

сабота, 18 февруари 2012, 14:43

МВР Билтен

Ноќеска во2 и 55 часот телефонски во СВР-Битола, Ј.К.(1963) од Битола, пријавил дека настанал пожар на неговото патничко моторно возило „Нисан Терано“ со битолски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од ТППЕ-Битола. Причинета е материјална штета од околу 200.000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Битола, при што е констатирано дека пожарот настанал на предниот дел на возилото, при што биле зафатени предните тркала, маската, хаубата и моторот, кои целосно изгореле, а оштетени се и ветробранското стакло и маската кај воланот. При увидот, во близина на возилото пронајдено е пластично шише со течност со мирис на бензин, и истото е обезбедено за вештачење. СВР-Битола презема мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска 40 минути по полноќ во Битола на ул.„Климент Охридски“бр.90,. во продавницата „Канди“, од страна на непознат сторител извршено е разбојништво над вработените М.В.(1985) и А.Б., при што им биле одземени 15.400 денари од дневниот промет. Имено, сторителот влегол во продавницата, го репетирал пиштолот кој го држел во рацете и на вработените им рекол да му ги дадат парите. Откако А.Б. од касата ги извадила парите и му ги дала, сторителот заминал во непознат правец. СВР-Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Вчера, во 12,45 часот во Скопје на ул.„Качанички пат“бб, од страна на непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје испукани се неколку проектили од кои еден завршил во патничко моторно возило „Хјундаи Лио“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на К.Љ.(1956) од Скопје, кое било паркирано на паркинг просторот на АЛФА–ТВ, при што направил оштетување на десната страна од предниот браник. Еден од проектилите направил оштетување на стакло со димензии 180х80см од бифето на АЛФА Телевизија. Од испуканите проектили нема повредени лица, а причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена. Увид на лице место извршила увидна екипа од ОКТ при СВР-Скопје. Полициската станица-Чаир презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Вчера во 12,15 часот во Скопје на ул.“Беласица“ бб на паркингот испред хотел „Вип“, лицата И.Н и В.Н, од А.Х.(1956) од струшкото село Калишта, одзеле еден автобус марка „Неоплан“ со охридски регистарски ознаки, бела боја, со натпис „ТХЕО-РЕИСЕН“, при што му е причинета материјална штета од околу 45.000 евра. А.Х., лицата ги познавал неколку години. Имено, сторителите на возачот му рекле дека ќе го земат автобусот за наводен долг на неговиот газда од фирмата „Менс Југо Транс“. ПС-Центар презема мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15,30 часот во Битола на ул.„Новачки пат“ бр.8а, во пиланата „Молика“ сопственост на Ц.Т., дошло до несреќен случај во кој со тешка телесна повреда се здобил П.С.(1951) од Битола. Имено, истиот при работа на машина кратилица марка „Девалт“, се пресекол во пределот на левата рака, поточно левата подлактица со повреда на мускулното и коскено ткиво. По настанот, повредениот бил пренесен во КЦ-Битола, заради укажување на лекарска помош. За настанот е известен трудов инспектор. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Битола.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.