Rss feed

Хроника

петок, 17 февруари 2012, 14:41

Двајца охриѓани повредени со нож

Во тепачка во Охрид на ул. „Цар Самоил“ две лица се повредени со нож, а напаѓачите се во бегство.

Тројца охриѓани Н.Д.(29), А.Ф.(31)и А.Ј.(31) го нападнале 33-годишниот С.Т. а во тепачката интервенирал 36- годишниот Н.Ч. во обид да ги раздвои, соопшти полицијата.

При тоа Н.Ч.  бил нападнат со остар предмет во пределот на стомакот, а исто така бил повреден и С.Т. (33).  

На Н.Ч. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид а потоа е пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар Струга, а на С.Т. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Охрид.

СВР Охрид презема мерки за  пронаоѓање  на учесниците во тепачката и целосно расчистување  на случајот.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.