Rss feed

Хроника

среда, 15 февруари 2012, 15:42

Во центарот на Тетово синоќа избувна пожар, повредени нема

Во куќа на улицата „Димо Гавроски Кара“ во центарот на Тетово синоќа околу 21 часот и 15 минути избувна пожар.

Огнот го зафатил и изгорел покривот на куќата, а го оштетил и инвентарот. Противпожарната единица реагирала со шест противпожарни возила и 13 пожарникари. Според информациите, огнот бил локализиран за околу 40 минути, а целосно изгаснат 20 минути пред полноќ.

Причините за пожарот и направената материјална штета се уште не се познати. Според полицијата, овој пожар од сопствениците не е пријавен кај нив, така што нивна екипа не извршила увид.

За да не дојде до поголеми последици и по околните објекти, синоќа беше исклучено и снабдувањето со електрична енергија во овој дел од градот. Снабдувањето со струја било нормализирано за помалку од еден час.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.