Rss feed

Хроника

среда, 15 февруари 2012, 15:02

МВР Билтен

Полициската станица од Крушево поднесе кривична пријава против Ќ.Р. од селото Норово, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 18 декември минатата година во селото Норово-крушевско, дошло до расправија, а потоа и тепачка помеѓу две лица  по што се приклучиле кон тепачката и други лица од двете страни, во која пријавениот со дрвен предмет му нанел скршеница на нога на Ш.И.

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против Н.З. (38) од Прилеп, за сторено кривично дело „разбојништво“. На 9 јануари, во населбата Точила во Прилеп, пријавениот со употреба на физичка сила од И.И. (30) одзел  40.000 денари и  златно  синџирче.

Полициската станица од Крушево поднесе кривична пријава против Ж.И.  полициски службеник во станицата, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 24 јануари во Крушево во интернет кафе „Андер Граунт“ пријавениот под дејство на алкохол, непристојно се однесувал, а откако случајот бил пријавен во полиција и од страна на полициски службеници било побарано да го напушти објектот, тој продолжил со недолично однесување. По кратко време отишол во полициската станица Крушево, каде со службениот пиштол им упатувал вербални закани на неговите колеги.

Полициската станица од Прилеп поднесе кривична пријава против Џ.Б. (38), Ж.С. (35), двајцата од Прилеп и И.М. (26) од Велес, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавените, на 23 декември минатата година во селото Стровија-прилепско, откако насилно влегле во куќата на К.Ѓ., под дејство на алкохол непристојно се однесувале, а во еден момент Џ.Б. од ловна пушка испукал два куршуми во таванот и ѕидот и четири куршуми низ прозорецот.

ПС Берово поднесе кривична пријава против Н.Ч. (32) од селото Владимирово-беровско, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Во текот на 2011 година, пријавениот изготвил лажна македонска возачка дозвола така што на хартија ставил компјутерски изработен отпечаток од печат и со холограм со текст Република Македонија, а потоа ги внел неговите лични податоци со сериски број кој не постои во евиденциите на МВР и истата ја употребил во Италија со цел да добие италијанска дозвола.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против А.Н. (27) од Прилеп, за сторено кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“. На 9 јануари годинава во Прилеп  пријавениот вербално му се заканувал по животот на М.Ш. (17) од Прилеп со цел тој да ја смени изјавата пред Истражен судија, односно да не сведочи дека му продал наркотична дрога.

ПС Радовиш поднесе кривична пријава против С.П. (25) од селото Подареш, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. Во ноември 2011 година, во Радовиш  пријавениот е затекнат со уште едно лице на кое му овозможил да користи наркотична дрога марихуана.

Раноутрово околу два часот по полноќ во Медицинскиот центар во Гостивар било донесено починато дете, родено 2010 година, од населбата „Циглана“. На детето немало видливи траги на насилство. По кажување на таткото на починатото дете С.Т.(42), на еден кревет спиеле повеќе деца  и смртта настапила најверојатно со поттиснување од друго дете при спиење. По овластување на Истражен судија, увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Гостивар, а во текот на денот ќе биде извршена обдукција.

Вчераутро околу 6 часот во селото Мршевци - скопско, во семејната куќа пронајдена е почината Радмила С. (59). Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Радмила живеела со нејзиниот брат Д.С.(54) и  неколку години била парализирана во делот на нозете. Увид на лице место извршила увидна екипа од ОКТ при СВР-Скопје, а по наредба на ИС и ЈО, телото на почината е предадено во Институт за судска медицина и криминалистика за обдукција.

Утово околу 4 часот и 30 минути на регионалниот пат  Кавадарци- Неготино, кај месноста викана „Антена“ , се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка Шкода Фабиа со скопски регистерски ознаки управуван од Ѓорѓи С. (61) од Кавадарци  излетал надвор од коловозот  и удрил во дрво, од што починал на лице место. Сопатникот Б.Н. (53) од Неготино е неповреден. Увид на лице место изврши Јавен обвинител, Истражен судија од Основен суд Неготино и увидна екипа од Полициска станица Неготино. По наредба на Истражен судија, телото на починатиот е предадено на  семејството.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.