Rss feed

Хроника

четврток, 02 февруари 2012, 15:49

На ГП „Деве Баир“ во камион пронајдени и запленети брендирани батериски лампи

Мобилната единица за прекуграничен криминал на граничниот премин „Деве Баир“ на 30 јануари во товарно моторно возило марка „ДАФ“, со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата „ШАНС 2005“, управувано од бугарски државјанин, одзема 280 брендирани парчиња батериски лампи со логото „ПОЛИЦЕ“, под сомнение оти се повредува правото на интелектуална сопственост.

Камионот, соопшти денеска МВР, транзитирал низ Република Македонија односно сообраќал на релација Бугарија-Приштина–Косово, а увозник на стоката е фирмата ДОНА ТУРС-Косово. По завршување на пасошка и царинска контрола од страна на полицијата, извршен е детален преглед и претрес поради сомнение дека во камионот се превезува криумчарена стока. Од страна на Царинските службеници скината е пломбата со која било затворен камионот за да се прегледа целосно стоката која е во него, споредувајќи ја при тоа пишаната стока која била наведена во фактурата.

Деталниот преглед е извршен во Царински терминал во Куманово, каде при прегледот биле пронајдени 164 парчиња –батериски лампи со логото ПОЛИЦЕ - 5000 и 116 парчиња-батериски лампи со логото ПОЛИЦЕ-50 во вкупна вредност од околу 63.200ден.

МВР соопшти дека стоката е одземена со потврда за привремено задржани предмети и е предадена на Царинските служби за понатамошна постапка.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.