Rss feed

Економија

вторник, 21 февруари 2012, 15:59

„Вранец“ - фаворит на винаријата „Стоби“ на саемот во Москва

„Вранец“ - фаворит на винаријата „Стоби“ на саемот во Москва
Виното „Вранец“ на винарската визба „Стоби“ предизвика голем интерес на Саемот за храна и пијалоци „ПродЕкспо“ што се одржа минатата недела во Москва.

„Стоби“, како што соопшти, на саемот се претстави со 11 сорти вино.

- На саемот ги претставивме нашите вина како врвно квалитетен производ, но воедно ја промовиравме и Македонија како место со климатски услови слични на оние во најголемите вински региони во Европа, Напа, Бордо и Тоскана, вели Дане Јованов, директор на винаријата.  

„Стоби“ произведува вино исклучиво од сопствени лозови насади на вкупно 600 хектари.

Големиот интерес што го предизвика „Вранец“ на саемот во Москва, додава Јованов, е поттик за почнување стратегија за освојување на рускиот пазар.

На „ПродЕкспо“, на 102.000 метри квадратни изложбен простор, над 2.500 фирми од целиот свет ги презентираа своите производи.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.