Rss feed

Економија

понеделник, 20 февруари 2012, 16:51

ЕЦБ: Грција не претставува опасност за светската економија

ЕЦБ: Грција не претставува опасност за светската економија
Грција, која се бори да избегне банкрот, не претставува опаснсот за светската економија, изјави денес Јерг Асмусен, член на Извршниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ).

- За среќа Грција не е закана за светската економија, изјави Асмусен за весникот „Фајненшл тајмс Дојчланд“.

Тој е поранешен државен секретар во Сојузното министерство за финансии на Германија, а од почетокот на годината е одговорен за меѓународни прашања во Извршниот совет на ЕЦБ.

Другите земји сепак очекуваат решение, истакна тој. Според него, до средбата на Г-20 кон крајот на неделата ќе има напредок по ова прашање.

Во Брисел денеска се одржува средба на министрите за финансии на земјите од еврозоната, на која треба да се постигне договор за нова финансиска програма за помош на Атина и на тој начин да се избегне банкрот на Грција.

Францускиот министер за финасии Франсоа Бароан денеска во Брисел изјави дека сега „сите елементи се поставени на место“ и дека е вистинско време да се одобри вториот пакет помош за спас на Грција.

- Грција неможе да чека предолго, изјави Бароан пред полетокот на денешната министерска средба во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, првичните информации за исходот од средбата, според најавите, ќе бидат објавени околу 16 часот.

Сепак некои министри за финасии на еврозоната се сомневаат во заложбите на Грција и бараат дополнителни гаранции дека државата ќе биде во можност да обезбеди исплата на долговите. Во тоа предводи германскиот министер Волфгаг Шојбле.

Во моментов на  Грција и се неопходни дополнителни 130 милијарди евра или во спротивно кон средината на март, кога треба да започне отпалата на владиниот долг, неизбежен би бил банкрот на дрзавата.

Грчкиот премиер Лукас Пападимос вчера допатува во Брисел со цел уште еднаш пред министрите да ја престави состојбата во земјата и да се избори за конелно потпишување на договорот.  

- Грчкиот народ испрати јасна  порака до Европа. Со се што направи и на какви се жртви е подготвен за да ја врати својата позиција во рамките на европското семејство, рече Пападимос.

Планот за спас предвидува намалување на 70 проценти од грчкиот долг, доколку приватните кредитори се согласат на отпишување на 100 милијарди евра од долгот. Во моментов долгот на Грција е на ниво од 160 проценти од бруто домашниот производ. Се предвидува дека со имплементирање на мерките за штедење, до 2020 година е можно долгот да биде намален на одржливо ниво од 120 проценти од БДП.





 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.