Rss feed

Економија

понеделник, 20 февруари 2012, 12:32

„Ферари“ лани со рекордна продажба

„Ферари“ лани со рекордна продажба
Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ферари има рекордна продажба во минатата година со приходи од 2,3 милијарди евра.

- Можеме да бидеме сосема задоволни, изјави Лука ди Монтечемоло, претседател на Ферари. Тој нагласи дека тие резултати се постигнати благодарение на нови вложувања и покрај потешкотиите со кои се соочува Европа.

Вупниот приход лани се зголемил за 17 отсто од продажбата на околу 7.200 автомобили во светот. Управата проценува дека испораките ќе продолжат да растат во следниот период и оти ќе се прошири на 58 држави од Азија до Јужна Америка.

Ди Монтечемоло изјави дека очекува продажбата  во следните осум години да биде околу осум илјади луксузни автомобили и голем дел од тоа ќе зависи од Индија, Јужна Америка и Кина каде постои потенцијал за раст на пазарот. Во Кина лани биле продадени 500 автомобили што е за 300 повеќе отколку во 2010 година.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.