вторник, 07 декември 2010, 11:04
Конференција за развивање на пазарот на капитал за општините во Македонија
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Мајкл Фриц и претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Градот Скопје Коце Трајановски, денеска ќе учествуваат на Конференцијата „Развивање на пазарот на капитал за општините во Македонија“.
Конференцијата е во организација на проектот на УСАИД за локална самоуправа во соработка со ЗЕЛС. Целта на Конференцијата е да придонесе кон натамошно унапредување на системот за финансирање на локалната самоуправа во Македонија преку поттикнување и создавање услови за емисија на општински обврзници.
Покрај градоначалници и финансиски работници од општините во Македонија, на Конференцијата се очекува присуство на претставници на Министерството за финансии, на Комисијата за хартии од вредност, на Светската банка, како и на инвестициските фондови, на пензиски друштва, на банки, на осигурителни компании и на брокерски друштва.