Rss feed

Балкан

вторник, 21 февруари 2012, 20:00

Во Црна Гора запленет пакет со чоколади, наполнети со кокаин

Во Црна Гора запленет пакет со чоколади, наполнети со кокаин
Црногорската полиција заплени пакет со чоколади, полни со кокаин, што бил испратен од Костарика до црногорскиот град Никшиќ, соопшти српската телевизија РТС.

Младата жена, на чија адреса пристигнал пакетот, изјавила дека нема ништо заедничко со него.

Пакетот со кокаин, адресиран до Црна Гора, бил откриен од германската полиција во Франкфурт, еден од главните поштенски јазли меѓу Европа и Јужна Америка.

Полицајците им го предале пакетот на црногорските колеги, кои на посочената адреса ја испратиле пратката, спроводена од инспектор за наркотици. Жената, која им отворила, изјавила дека не очекува пошта од Костарика и не знае ништо за таа пратка.




 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.