Rss feed

Балкан

вторник, 21 февруари 2012, 17:50

Долгот на Грција може да стане неодржлив доколку не се имлементираат мерките

Долгот на Грција може да стане неодржлив доколку не се имлементираат мерките
Долгот на Грција може да стане неодржлив и да продолжи да се зголемува, доколку Владата во Атина не ги имплементира мерките, кои ги презентираше пред кредиторите, предупредуваат претставниците на тројката од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, во извештајот претставен на состанокот на министрите од еврозоната, на кој беше одобрено отпуштањето на втор заем за Грција, пишува денеска весникот „Вима“.

Во текстот на девет страници се нагласува дека без стриктно применување на мерките, кои грчката Влада се ангажираше дека ќе ги преземе, долгот на Грција може да се зголеми во следните години и да достигне до 178 проценти од Бруто домашниот производ во 2015 година и потоа да се намали до 160 отсто во 2020 година.

Претставниците на трите институции, кои извршија детална анализа на финансиите на Грција пред одобрувањето на вториот заем, сметаат дека доколку реформите во земјата се забават и не се соберат очекуваните приходи од приватизацијата, позитивно темпо на растот може да се очекува дури во 2014 година.

Уште повознемирувачко е едно од алтернативните сценарија во извештајот на тројката, кое ја предвидува можноста од ново финансирање на Грција во вредност од околу 50 милијарди евра во 2014 година, кога ќе заврши отпуштањето на траншите од првиот кредит за земјата, одобрен пред две години во вредност од 110 милијарди евра.

Во извештајот на тројката се нагласува дека доколку Грција не успее да го покрие првичниот буџетски дефицит (да го сведе на минус еден процент во 2010 година) и да го регистрира првиот суфицит од над 2,5 отсто, тогаш нејзиниот долг наместо да се намалува, ќе се зголемува.

Тројката предвидува дека доколку од приватизацијата земјата не собере 46 милијарди евра, како што првично беше пресметано, а тие приходи изнесуваат десет милијарди евра до 2020 година, тогаш долгот на Грција истата година ќе достигне 148 проценти.

Во извештајот се додава дека доколку темпото на раст не остане на годишна основа над еден процент, тогаш долгот ќе достигне 143 отсто.

Тројката смета дека краткорочно економските мерки ќе ја продлабочат рецесијата и можеби ќе биде потребно учеството на јавниот сектор во преструктуирањето на грчкиот долг. Во извештајот се додава дека оценките за состојбата на долгот ќе треба да бидат преразгледани по резултатите од преговорите за учество на приватните кредитори во неговото делумно отпишување.

Авторите на извештајот уште предупредуваат дека доколу Владата во Атина не го забрза имплементирањето на структурните реформи, невработеноста во Грција ќе забележи раст, а рецесијата ќе се продлабочи.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.