Rss feed

Балкан

вторник, 21 февруари 2012, 17:25

Во Брисел почна новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина

Во Брисел почна новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина
По повеќечасовно доцнење, попладнево во Брисел започна новата рунда преговори меѓу Белград и Приштина, на кои според најавите, треба да стане збор за регионалното претставување на Косово и за интегрираното управување со премините.

Почетокот на преговорите беше закажан за во 10 часот, но беше одложен на неопределено време поради доцнењето на косовската делегација.

Европската комисија претпладнево соопшти дека делегацијата од Приштина, предводена од Едита Тахири, синоќа не пристигнала  во Брисел како што беше планирано, додека белградската делегација, предводена од Борислав Стефановиќ, допатувала на време.

Полпаднево делегацијата од Приштина сепак допатува во Брисел, а доцнењето е образложено со технички причини.

Постигнувањето договори за регионалното претставување на Косово и за интегрираното управување со премините се два од трите клучни услови што европските лидери во декември и ги поставија на Србија за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ.

ЕУ и забележува на Србија дека го нема исполнето ниту третиот клучен услов за доделување на кандидартскиот статус - соработка со ЕУЛЕКС во смисла на овозможување целосна слобода на движењето, но сепак смета дека се уште „има простор“ за напредок по ова прашање до 28 февруари, кога ќе се одржи Министерскиот совет на Унијата.

Дипломатски извори во Брисел изразија оптимизам дека и двата тима ќе постигнат договор за регионално претставување и ќе постигнат начелно договор за примена на договорот за интегрирано управување со премините.

- Се надеваме не на поволен, туку на многу поволен исход (од денешните разговори), изјави пред почетокот на новата рунда преговори неименуван дипломат од Европската комисија.

Сепак, пред почетокот на оваа рунда преговори двете делеагвии имаа значителни разлики во ставовите.

Приштина го одбива барање на Белград во фуснота покрај името Косово да стои „резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН“. Во неодамнешна изјава косовскиот премиер Хашим Тачи прифати таков облик на претставување, но под услов да се спомене и декларацијата за независност од пред четири години.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.