вторник, 21 февруари 2012, 15:42
Албанците штедат главно во странска валута
Албанците повеќе штедат во странска валута отколку во леки (националната валута на земјата, се наведува во извештај на Централната банка, цитиран од весниците во Тирана.
Влоговите на Албанците во странска валута во првата половина на 2011 година нараснале за 21 отсто, додека депозитите во национална валута се зголемиле за 11,2 отсто.
Весникот „Газете шќиптаре“ пишува дека, според официјални податоци на ЕУ, значителен дел од парите во 2010 година, во износ од 1,1 милијарда евра, биле префрлени од странство. Парите дошле од Грција и преку парични трансакции легнале на сметки во Албанија.