Rss feed

Балкан

вторник, 21 февруари 2012, 13:20

Аеродормот во Подгорица затворен поради магла

Аеродормот во Подгорица затворен поради магла
Аеродромот во Подгорица утрово е затворен за сообраќај поради магла во главниот град на Црна Гора.

Службата за информирање на аеродормот соопшти оти во моментот се откажани сите летови од Подгорица и кон главниот град на Црна Гора.

Од Службата за информирање на подгоричкиот аеродром наведоа дека аеродромот ќе биде затворен за сообраќај до наредна одлука, односно зависно од временските услови ќе биде проценето кога повторно ќе биде воспоставен воздушниот сообраќај.

Поради доцнење на слетувањата на авионите од Белград откажана е средбата на црногорскиот премиер Игор Лукшиќ со министерот за европски прашања на Данска, Николај Вамен.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.