Rss feed

Балкан

петок, 03 февруари 2012, 19:42

Косовскиот премиер повикува на политичко единство во Косово и Србија

Косовскиот премиер повикува на политичко единство во Косово и Србија
Во интерес на Косово и Србија е да постои директна комуникација на политичките лидери, изјави за Радио Слободна Европа, премиерот на Косово, Хашим Тачи.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, според Тачи, ситуацијата во северно Косово се подобрува и тој одлучно ја отфрла идејата за било каков специјален статус за овој дел.

- Северот на Косово е дел од Косово. Косово ќе функционира како една државна целина, со меѓународна почит, загарантиран и признат територијален интегритет, рече Тачи. Тој додаде дека косовските политичари се согласни дека никогаш нема да се откажат од натписот Република Косово на регионалните форуми.

Тачи е убеден дека иднината на српските граѓани и останатите во северниот дел на Косово е во нивната интеграција во косовските институции.

- Сега е потребен контакт со граѓаните на северот и да им се објасни кои се нашите државни одговорности, дека тие живеат во независно и суверено Косово, да живеат слободно и со загарантирани права, смета Тачи кој верува дека работите ќе се менуваат на подобро.

Тој повторува дека се неопходни средби меѓу косовските и српските политичари, кои се избрани во двете земји на легитимен начин.

- Во интерес на двете држави е да постои меѓудржавна директна комуникација, но секогаш како водачи на независни и суверени држави кои работат во интерес на своите граѓани и на евроатлантската перспектива на Косово, Србија и целиот регион, вели Тачи.

Според него, власта на Косово, почитувајќи го Уставот и законите ќе воспостават ред и закон на цела територија на Република Косово и под никакви околности нема да се дозволи меѓуетничко насилство.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.