Rss feed

Балкан

петок, 03 февруари 2012, 15:57

Не се очекува намалување на бројот на војници на НАТО во Косово

Не се очекува намалување на бројот на војници на НАТО во Косово
Германскиот министер за одбрана Томас де Мезиер денеска изјави дека не очекува наскоро да дојде до намалување на бројот на војниците на НАТО во Косово, имајќи ја предвид, пред се, „тешката“ ситуација таму, пренесуваат германските медиуми.

Де Мезиер ова го кажа пред новинарите по средбата на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. На средбата се очекува да се разгледа и мисијата на Алијансата во Авганистан.

НАТО планираше во текот на оваа година за половина да го намали бројот на своите војници во Косово.

Околу 5.800 војници од 29 држави служат во моментов во силите на НАТО во Косово КФОР, а германските се најбројни - 1349.

-Во моментов не гледаме можност за повлекување на војниците, изјави де Мезиер, посочувајќи дека „само политичарите можат да ги решат проблемите во Косово“.

Европската унија посредува во преговорите меѓу Белград и Приштина во својот стремеж за нормализација на односите меѓу две земји.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.