Rss feed

Балкан

петок, 03 февруари 2012, 15:17

„Кралот“ на челикот заинтересиран за никшиќката Железарница

„Кралот“ на челикот заинтересиран за никшиќката Железарница
Украинскиот „крал“ на челикот Ринат Ахметов е заинтересиран за купување на никшиќката Железарница, за која е распишан тендер, а почетната продажна цена изнесува 30 милиони евра.

Подгоричките медиуми објавија дека постојат уште неколку сериозни купувачи, а огласот за продажба на Железарницата е отворен до утре.

Претходно е соопштено дека компанијата „Металфер Стил Мил“ од Сремска Митровица е заитересирана за купување на Железарницата во Никшиќ.

Од железарницата, која веќе осум месеци се наоѓа во стечај, претходно е соопштено дека целта на четвртата приватизација е фабриката да добие стратешки партнер.

Последниот сопственик е холандската компанија „Монтенегро спешлити стилс“, која ја напушти фабриката минатата пролет.

Некогашниот никшиќки гигант, во кој работеа повеќе илјади луѓе, четвртата приватизација ќе ја дочека со само 320 вработени.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.