Балкан

понеделник, 11 јули 2011, 15:49

„Волстит џурнл“: Џорџ Сорос заинтересиран за рудниците во Косово

„Волстит џурнл“: Џорџ Сорос заинтересиран за рудниците во Косово
Џорџ Сорос е еден од најголемите современи мегашпекуланти и цел живот ги ограбува Русија, Србија, Велика Британија и Италија, објави денеска „Волстит џурнл“.

Во коментарот се истакнува дека во 1992 година во отворена конфронтација со „Банк оф Ингланд“ Сорос влијаеше на намалувањето на вредноста на британската фунта и заработи 12 милијарди долари.

За време на војната во Косово, Сорос финансиски и воено ја поддржуваше Ослободителната војска на Косово.

Според весникот, Сорос и албанскиот милионер Сахит Мужа, кој живее во Њујорк, сакаат да ги земат и резервите на јаглен во Косово, кои се проценуваат на повеќе од 300 милијарди долари. Сорос и Мужа минатата година петпати го посетиле Косово обидувајќи се да склучат поволни договори за рудниците со јаглен.

Се претпоставува дека резервите јаглен во Косово заедно со повеќе од 15 милијарди тони лигнит ќе станат најголем извор за снабдување со гориво на електричните централи од регионот.

„Волстит џурнл“ посочува дека генералниот директор на компанијата „Албаниан минералс“, Мужа има увид во рудното богатство во Косово, каде што има и олово, хром, цинк, злато, сребро, бакар, никел и друго.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.