Rss feed

Вести

среда, 22 февруари 2012, 14:46

Писмо од вицепремиерот Арифи до премиерот и претседателот на Албанија

Писмо од вицепремиерот Арифи до премиерот и претседателот на Албанија
Писмо со сочувство заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Теута Арифи до премиерот на Република Албанија Сали Бериша и претседателот на Република Албанија Бамир Топи

Почитувани,
По повод трагичниот настан во Авганистан, во кој животот го загуби еден војник од Република Албанија, а друг беше потешко повреден, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Теута Арифи испрати писмо со сочувство до премиерот на Република Албанија Сали Бериша и претседателот на Република Албанија Бамир Топи.

Во прилог Ви го испраќаме интегралниот текст на писмото:

„Почитуван господин Премиер,
По повод трагичната смрт на албанскиот војник во Авганистан, дозволете да изразам искрено сочувство до неговото семејство и до албанскиот народ.

Загубата на овој млад живот е голема трагедија за неговото семејство и за земјата, но тој го даде животот за една повисок цел во обид да се зачува мирот и стабилноста во Авганистан во рамки на здружените сили на НАТО. Токму затоа неговиот придонес во оваа мисија никогаш не смее да се заборави.   

Во оваа прилика дозволете да ја изразам и мојата желба за брзо закрепнување на другиот војник кој беше тешко повреден и негово безбедно враќање во семејството.
Со почит,

Др. Теута Арифи
Заменик на претседателот на Владата
задолжен за европски прашања“



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,33 61,63 61,94
CHF 51,06 51,32 51,57
USD 48,10 48,34 48,58
Цела курсна листа

Временска прогноза

вторник

макс: 15º
мин: 7º
ветер: И 11 km/h
влажност: 68%
врнежи: 90%

среда

макс: 22º
мин: 13º
ветер: ИЈИ 14 km/h
влажност: 53%
врнежи: 10%

четврток

макс: 21º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 69%
врнежи: 60%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.