Rss feed

Вести

среда, 22 февруари 2012, 14:43

Општините ќе добиваат половина од концесиите за водните ресурси

Општините ќе добиваат половина од концесиите за водните ресурси
Зголемување на приходите на општините со промени во распределбата на надоместокот од издадени концесии за користење на водните ресурси за производство на електрична енергија се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за води.

Предложените измени кои се усвоени на вчерашната владина седница, како што информира денеска на прес-конфенренција министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаким Адеми, ќе се одвиваат постепено и тоа до 31 декември 2015 година од остварениот приход од концесиите на општините ќе се уплаќаат 25 отсто од надоместокот, а во централниот буџет 75 проценти. Од 1 јануари 2016 година општините ќе добиваат половина од уплатениот надоместок од концесиите за користење на водените ресурси.

- Ваквото постепено зголемување на надоместокот кој ќе припадне на општините се прави со цел тие да можат да ги изградат своите капацитети во однос на управувањето со водите и спроведувањето на Законот за водите. Сметаме дека надоместокот од концесиите за општините ќе претставува значаен придонес во нивниот буџет со кој тие ќе можат да располагаат и да го користат за потребите на граѓаните на локално ниво, истакна Адеми, појаснувајќи дека до сега сите средства одеа во државниот буџет.

Со отпочнување на изградбата на планираните хидроцентрали во Македонија и со измените на Законот за водите, Владата, рече тој, ќе обезбеди редовен извор на средства за општините со ко ќе се зајакне нивната финансиска самостојност.

- Овие средства ќе овозможат подобрување на инфраструктурните објекти за водоснабдување, одведување и третман на отпадните води, а преку редовните приходи што ќе ги добиваат со предложените измени на Законот за води ќе им се овозможи на општините самостојно да управуваат со проекти и да ја обезбедат потребната локална контрибуција при аплицирање за донации, додаде министерот Адеми.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,33 61,63 61,94
CHF 51,06 51,32 51,57
USD 48,10 48,34 48,58
Цела курсна листа

Временска прогноза

вторник

макс: 15º
мин: 7º
ветер: И 11 km/h
влажност: 68%
врнежи: 90%

среда

макс: 22º
мин: 13º
ветер: ИЈИ 14 km/h
влажност: 53%
врнежи: 10%

четврток

макс: 21º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 69%
врнежи: 60%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.