Rss feed

Вести

среда, 22 февруари 2012, 12:35

Во кочанската Општа болница 29 пациенти на дијализа заразени со хепатит Ц

Во кочанската Општа болница 29 пациенти на дијализа заразени со хепатит Ц
Во Кочанската Општа болница во Одделението за дијализа има појава на заразени пациенти со хепатит Ц и хепатит Б.

Според изјавата на директорот на Општа Болница Кочани, др. Дејан Апостоловски, од 43 пациенти кои одат на дијализа во одделение за дијализа, 29 се заразени со хепатит Ц, а 8 со хепатит Б. Останатите се негативни и се водат на апарати кои не се заразени. Инаку, еден апарат го користат 4 лица.

Апостоловски потенцира дека секојдневно се работи со заразените од хепатит Ц, а ситуацијата будно се следи и по потреба се интервенира.

Во Општа болница се прават напори да се стават во функција 17-те дијализери кои пред месец дена беа донирани од Владата и Министерството за здравство на Општа болница -Кочани.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,33 61,63 61,94
CHF 51,06 51,32 51,57
USD 48,10 48,34 48,58
Цела курсна листа

Временска прогноза

вторник

макс: 15º
мин: 7º
ветер: И 11 km/h
влажност: 68%
врнежи: 90%

среда

макс: 22º
мин: 13º
ветер: ИЈИ 14 km/h
влажност: 53%
врнежи: 10%

четврток

макс: 21º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 69%
врнежи: 60%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.