среда, 22 февруари 2012, 15:04
Пензионери на рекреација во бања на сметка на државата
Наташа Јaнчиќ
10.000 пензионери од март ќе се рекреираат во бања на сметка на државата. За 15 дена ќе бидат известени во кој период и во која бања ќе одат. Позитивните искуства на оние кои биле на бањско климатска рекреација придонесе двојно да се зголеми бројот на барањата. 19.000 пензионери годинава конкурирале за бесплатна бања.
Трета година по ред пензионерите ќе уживаат во благодатите на бањите во Негорци, Дебар, Катланово и Банско.
- Лицата со пониска пензија имаат предност пред пензионерите со повисоки примања. Селекцијата ќе биде како и во минатите години- транспарентна и коректна. Апликантите кои веќе ја искористиле оваа можност во минатите години, нема да можат и годинава да отидат на бања, додека не им помине редот на пензионерите кои аплицираат за прв пат – рече Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.
Бањско-климатска рекреација опфаќа 6 ноќевања со полн пансион, терапија и здравствени прегледи. Парите за превоз ќе бидат пуштени на сметка 7 дена пред тргнување. Пензионерите кои користат паричен надомест за помош и нега од друго лице имаат право на придружник за време на престојот во бања.
Објавено на 22.02.2012, од Ристе
Е Ова е внимание.
Ова е многу добра мерка. Редно е и тие што придонесоа за оваа држава на некој начин да им возвратиме. Ова е за поздрав и секако треба да продолжи во наредниве години.