Rss feed

Вести

среда, 22 февруари 2012, 14:13

Нимиц денеска во Атина

Нимиц денеска во Атина
Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за прашањето за името Метју Нимиц денеска во Атина треба да се сретне со грчкиот премиер Лукас Пападимос и со шефот на дипломатијата Ставрос Димас.

Грчките медиуми пренесуваат дека пред средбата со Нимиц закажана за 15:30 часот по локално време, Пападимос ќе има консултации со Димас, кој, пак, треба да се сретне и со лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу.

Посредникот на ОН Нимиц во Атина допатува од Скопје каде што во понеделникот разговараше со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

По средбите тој изјави дека не носи нови предлози, туку има намера да најде начин да се забрзаат разговорите за што побрзо решавање на спорот за името, кој, како што посочи, го засега регионот и светската безбедност. Нимиц рече дека во Скопје јасно му биле кажани македонските позиции и искрените желби за решавање на проблемот, и оти ќе им ги пренесе на властите во Атина.

Од македонска страна беше повторено дека решение за спорот со Грција околу името не е можно доколку тоа не го почитува достоинството на граѓаните на Република Македонија, ако на каков било начин задира во идентитетските прашања и не е согласност со меѓународното право. Македонија останува конструктивна во процесот што се води под покровителство на ОН и тоа го очекува и од другата страна, како и почитување на Привремената спогодба, пресудата на Судот во Хаг и резолуциите на Светската организација.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,33 61,63 61,94
CHF 51,06 51,32 51,57
USD 48,10 48,34 48,58
Цела курсна листа

Временска прогноза

вторник

макс: 15º
мин: 7º
ветер: И 11 km/h
влажност: 68%
врнежи: 90%

среда

макс: 22º
мин: 13º
ветер: ИЈИ 14 km/h
влажност: 53%
врнежи: 10%

четврток

макс: 21º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 69%
врнежи: 60%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.