среда, 22 февруари 2012, 11:45
Холандските туристи задоволни од престојот во Струга и од хотелите
Годишното списание на туристичката агенција „Корендон“ од Холандија „Лето 2012“ објавува дека холандските туристи се задоволни од престојот во Македонија изминатата сезона.
Тие исто така даваат и позитивна оценка и за домашните хотелски капацитети. Холанѓаните од сите хотели каде што престојувале најголема оцена му даваат на хотелот „Макпетрол“ во Струга 8,7. Оценките за хотелите се резултат на различни, добри и лоши искуства од холандски и белгиски гости кои ја имаат посетено Македонија во аранжман на Корендон: Инекс Горица 7,0; Силекс 7,0; Београд 7,0; Турист 7,2; Десарет 7,3; Метропол 7,3; Дрим 7,8; Дипломат 7,8; Дончо 7,9; Белведере 8,3; Макпетрол 8,6.
„Корендон“ и неколку други тур оператори и годинава ќе ја нудат Македонија во своите туристички понуди. Се очекува бројката на холандски и белгиски туристи, кои во периодот од мај до октомври ќе престојуваат покрај Охридското езеро да ја надмине бројката од 10.000 гости колку што минатата сезона ги имаше овде.