среда, 22 февруари 2012, 13:25
МО: Бришење на старосната граница за подофицери
Милчо Велески
Измените во законот за служба во АРМ во делот на подигање на старосната граница за професионалните војници од 38 на 45 години се во владина процедура. Се очекува на првата наредна седница да го поминат првиот филтер и да се достават во Собранието. Министерството за одбрана оди чекор понапред од првичниот владин заклучок. Целосно се брише старосната граница за произведување во подофицерски чин. Тоа значи дека сите армиски професионалци ќе имаат шанса,доколку ги исполнуваат стандардите, да продолжат со службата во АРМ како подофицери.
„Тоа е важно за нив и многу ќе влијае на мотивацијата на професионалните војници за извршување на нивните задачи, бидејќи ќе овозможиме еден позитивен натпревар меѓу професионалните војници за да се истакнат и зада бидат земени предвид за промовирање во подофицерски чин“ вели за МТВ заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.
Во Министерството според новата формација и структурата на силите има прецизни бројки колку професионални војници, подофицери и офицери треба да има,вели Димитриев. Тоа е секако согласно со стандардите на НАТО.Очекувањата се дека за измените во законот за служба во АРМ во Собранието ќе има консензус.
„Очекувам подршка од сите политички партии, бидејќи измените се во функција на решавање на статусот на професионалните војници на Армијата, којашто во моментов ужива најголем углед кај граѓаните на Република Македонија“ смета Димитриев.
Се очекува измените да се имплементираат кон крајот на март или во почетокот на април.Професионален војник ќе може да се стане со навршени 25 години.Сегашното решение е 23 години старост.
Објавено на 22.02.2012, од гласац на ДПМНЕ
За бранителите од 2001 црвен картон!!!!!!!!!!!!!
Во моментов ужива најголем углед кај граѓаните, а дали граганите уживаат голем углед за отпуштените 200 војника кои што се на улица тие кои во 2001 година што го бранеа суверинитетот и интигритетот на оваа држава