среда, 22 февруари 2012, 08:53
Потпишување договори за бањско климатска рекреација за пензионерите
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорите на правните лица регистрирани за вршење услуга за бањско климатско лекување денеска ќе потпишат договори за реализација и плаќање на бањско-климатска рекреација на корисници на пензија за 2012 година.
Договори ќе бидат потпишани со Здравствената установа природно лекувалиште „Негорски бањи“ АД Негорци од Гевгелија, Друштвото за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација „Катлановска бања“ ДОО Катланово, АД Дебарски бањи Цапа и ЈЗО Бања бањско „Цар Самуил“ од Струмица, со што ќе започне реализацијата на проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2012 година“.