среда, 22 февруари 2012, 08:49
Иванов на работен ручек со амбасадорите од Вишеградската група во Македонија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска ќе го приреди традиционалниот работен ручек за амбасадорите на земјите од Вишеградската група акредитирани во Република Македонија.
На средбата ќе присуствуваат амбасадорот на Чешка, Јозеф Браун, амбасадорот на Полска, Пжемислав Чиж, и амбасадорот на Унгарија, Јожеф Бенце, како и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски.