Rss feed

Вести

среда, 22 февруари 2012, 08:48

Во Собранието седници на Комисијата за труд и социјална политика и на ЗКП

Во Собранието седници на Комисијата за труд и социјална политика и на ЗКП
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.  

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог-законот за изменување на Законот за семејството и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, двата во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе се изјаснува за повеќе закони во второ читање и тоа  за измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, на Законот за Управата за јавни приходи, на Законот за спечување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, сите во второ читање. На дневен ред се и предлог-закон за прогласување на локалитетот Вевчански извори за споменик на природа, во второ читање и други.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,33 61,63 61,94
CHF 51,06 51,32 51,57
USD 48,10 48,34 48,58
Цела курсна листа

Временска прогноза

вторник

макс: 15º
мин: 7º
ветер: И 11 km/h
влажност: 68%
врнежи: 90%

среда

макс: 22º
мин: 13º
ветер: ИЈИ 14 km/h
влажност: 53%
врнежи: 10%

четврток

макс: 21º
мин: 11º
ветер: ССЗ 13 km/h
влажност: 69%
врнежи: 60%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.