Rss feed

Спорт

понеделник, 20 август 2012, 18:03

Јунајтед привлече втор Холанѓанец: Бутнер веќе е во Манчестер

Јунајтед привлече втор Холанѓанец: Бутнер веќе е во Манчестер
Холандскиот играч од средниот ред на Витесе, Александар Бутнер веќе се наоѓа во Манчестер, каде што ги поминува медицинските прегледи пред трансферот во Јунајтед.

Тој ќе потпише договор на пет години, а трансферната сума е во износ од 3.9 милиони фунти, соопштуваат медиумите во Холандија.

Пред да полета за Англија, левиот бек изјави: "Ако пред една недела ми кажевте дека ќе тренирам и играм во Манчестер Јунајтед заедно со Робин ван Перси, ќе ве испратев во психијатриска клиника. Ова е лудило, кое ги надминува и најхрабрите мои соништа".

Двата клуба се уште не ја потврдиле официјално веста, но самиот фудбалер дури објави слика со тренинг дрес на "црвените ѓаволи" на својата страница на "Твитер".

Холанѓанецот има зад себе 107 натпревари за Витесе, а освен во левата зона на одбраната се справува речиси толку добро и од десно. Тој беше дел од проширениот состав на "лалињата за ЕП 2012, но подоцна отпадна од него.

Трансферот беше коментиран од друг многу добро познат Холанѓанец - поранешниот голман на тимот Едвин ван дер Сар на социјалната мрежа.

"Двајца холанѓани за само три дена! Изненадување за мене. "Црвените" ќе стануваат “портокалови"!, напиша тој.

Најверојатно трансферот на Бутнер значи дека Сер Алекс Фергусон се откажал од привлекувањето на левиот бек на Евертон, Лејтон Беинс.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,35 61,66 61,97
CHF 49,14 49,38 49,63
USD 47,60 47,84 48,08
Цела курсна листа

Временска прогноза

петок

макс: 15º
мин: 8º
ветер: ЗЈЗ 14 km/h
влажност: 53%
врнежи: 10%

сабота

макс: 26º
мин: 9º
ветер: ЈЗ 13 km/h
влажност: 50%
врнежи: 40%

недела

макс: 26º
мин: 8º
ветер: ЈЗ 11 km/h
влажност: 49%
врнежи: 0%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.