Rss feed

Спорт

понеделник, 20 август 2012, 17:56

Манчестер Сити е во напредни преговори за Јоветиќ

Манчестер Сити е во напредни преговори за Јоветиќ
Раководството на Манчестер Сити се наоѓа во напредни преговори со Фиорентина за привлекување на Стеван Јоветиќ, тврди Goal.com.

"Граѓаните" се подготвени да му платат на италијанскиот клуб 30 милиони евра, а според изданието трансферот ќе биде факт во следните неколку денови до затворањето на летниот трансфер прозорец.

Шампионот на Англија го забрза процесот на крајот од минатата недела, кога конечно ја загубија битката за голгетерот на Арсенал, Робин ван Перси.

Иако ги имаат Серхио Агуеро, Карлос Тевез, Един Џеко, Марио Балотели, а исто така и Емануел Адебајор и Роке Санта Круз, менаџерот Роберто Манчини им укажал на сопствениците дека има потреба од уште еден напаѓач.

Јоветиќ беше посакуван од Јувентус, но "бјанконерите" одбија да платат повеќе од 20 милиони за Црногорецот. Самиот тој пак им рекол на своите шефови во Фиорентина дека по четири години сака да го напушти клубот.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,38 61,68 61,99
CHF 49,79 50,04 50,29
USD 45,78 46,01 46,24
Цела курсна листа

Временска прогноза

четврток

макс: 23º
мин: 19º
ветер: С/A N/A km/h
влажност: N/A%
врнежи: 0%

петок

макс: 36º
мин: 18º
ветер: ЈЈИ 10 km/h
влажност: 39%
врнежи: 0%

сабота

макс: 36º
мин: 19º
ветер: ЈИ 8 km/h
влажност: 45%
врнежи: 10%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.