Rss feed

Спорт

сабота, 11 август 2012, 11:01

Ди Матео: Сити и Јунајтед се уште се подобри од нас

Ди Матео: Сити и Јунајтед се уште се подобри од нас
Менаџерот на Челзи, Роберто Ди Матео призна дека фаворитите за титулата во Премиер лигата Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се уште се пред Челзи, и покрај многуте потрошени пари во текот на летото за нови засилувања.

Италијанецот ги обезбеди услугите на Еден Азар, Марко Марин и Оскар за вкупен износ од околу 65 милиони фунти.

"Манчестер Сити е шампионот. Тие ќе бидат главен претендент за титулата, иако Јунајтед беа многу блиску до нив", изјави тренерот на "сините". Најверојатно и двата тима стојат малку подобро од нас, но ние сакаме да сме во потера на шампионите."

"Најголемата цел и амбиција е на крајот на сезоната се уште да се бориме за трофеите во сите натпреварувања во кои учествуваме. Сега ќе играме во натпревари кои се нови за нас (Светското клубско првенство и Суперкупот на Европа), така што тие се добра можност за клубот и за играчите, но сигурно ќе треба да се справиме доста подобро во Премиер лигата", додаде тренерот.

"Желбата за победи на сопственикот не е намалена. Тој сеуште сака да победува и прави сé што може за да го постигне тоа. За нас ќе биде предизвик да се сретнеме со најдобрите во Европа. Сигурно ќе се обидеме да победуваме на начинот на кој сме докажале дека можеме. Ќе одиграме некои одлични натпревари, убеден сум во тоа", заврши Ди Матео.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,35 61,66 61,97
CHF 49,14 49,38 49,63
USD 47,60 47,84 48,08
Цела курсна листа

Временска прогноза

петок

макс: 25º
мин: 8º
ветер: С/A N/A km/h
влажност: N/A%
врнежи: 0%

сабота

макс: 25º
мин: 8º
ветер: ЈЗ 14 km/h
влажност: 50%
врнежи: 40%

недела

макс: 24º
мин: 8º
ветер: ЈЗ 14 km/h
влажност: 45%
врнежи: 30%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.