недела, 29 јули 2012, 18:41
Робињо се надева дека ќе игра со Кака во Милан
Напаѓачот на Милан, Робињо призна дека ја поддржува идејата за враќање на Рикардо Кака во тимот. Како што е познато "росонерите" го продадоа во 2009 година Бразилецот на Реал Мадрид.
Сепак играчот сака да си замине од Бернабеу, за да поминува повеќе на теренот. Имено Милан е споменуваниот клуб за продолжување на неговата кариера.
"Многу се радувам ако Кака се врати во Милан. Со него сме соиграчи во репрезентацијата на Бразил и можеме играме добро заедно. Освен тоа и двајцата сме амбициозни да учествуваме на СП 2014, што дополнително може да ни помогне", објасни напаѓачот.