сабота, 28 јули 2012, 23:29
Наполи го бојкотира натпреварот за Суперкупот на Италија
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис се закани дека ќе го бојкотира натпреварот за Суперкупот на Италија.
"Натпреварот ќе се одржи во Кина во екот на подготовките за новиот шампионат? Наполи нема да патува до Пекинг само неколку дена пред почетокот на сезоната", објави шефот, цитиран од "Кориере дело Спорт".
Како што информира весникот, Де Лаурентис дури веќе се заинтересирал каква казна ќе треба да плати клубот, ако го бојкотира дуелот. Претседателот дури влегол во контакт со својот колега во Јувентус, за да го решат прашањето.